(Дубаи – Портал) – Собранието не кани лидери на политички партии кои не се пратеници ниту пак противкандидати кои ги изгубиле изборите. Ова е објаснувањето од кабинетот на Талат Џафери за вчерашната инагурација на Претседателот Стево Пенадаровски на која не присуствуваше лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Христијан Мицковски воопшто и не бил поканет, а не се канеле ниту противкандидатите Силјановска Давков или Река. И да биле поканети можеби писмата ќе им задоцнеле, оти од службите во собранието ги испратиле во сабота попладнето, велат од собранието.
Премиерот Зоран Заев пак поканет, но не дојде. Со видео порака снимена на бел ѕид му честиташе на Пендаровски. Денеска преку СМС ни одговори зошто баш овие четири дена во време на еден така битен настан одлучи да замине од земјава.
Според новинарот Ерол Ризаов токму одсуствата ја засениле инагурацијата. Во колумната објавена во Независен весник пишува деака опозицсикиот лидер Мицковски и противкандидатката Сиљновска морале да бидат поканети, а заев да се одзве на поканата.
Инаку една од првите пораки на Претседателот Пендаровски беше дека ќе и пружи рака на опозицијата. Опозициски пратеници на неговата Инагурација присуствуваа, но не и нивниот лидер Мицковски.
Mahir Demişoski










