(Дубаи – Портал) – И покрај слабата реализација на капиталните инветсиции и покрај најавата на премиерот Зоран Заев дека летово ќе се направи ребаланс на буџетот, Министерството за финансии се уште анализира дали во моментов има потреба од прекројување на државната каса. Министерот за финансии Драган Тевдовски тврди дека бил на линија со премиерот, но вели дека во моментов перформансите на економијата биле добри.
Иако податоците за буџатските трошења покажа дека за три месеци се реализирани само 6,2 проценти од предвидените над 400 милиони евра за капитални инветсиции, Тевдовски вели дека има подобрување во реализацијата. Првиот финансиер ваквите тврдење ги потпира на огромната реализација на проекти кај Јавното претпријатије за државни патишта. Но кажа дека притосок се прави кај другите министерства.
„Постои подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции, ние како Финансии бараме до сите линиски министерства да посветат многу поголемо внимание и мислиме дека апсулутно ќе има резултати ако ги гледаме сите перформанси, макроекономски индикатои кои што го прават БДП и тие се добри“, рече министерот Тевдовски.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески па вели дека на терен има засилена градежна активност во делот на изградба на патиштата, железницата и гасоводот. Исто как и лани, подобри резултати очекува во следните три квартали. Вели дека до крајот на градежната сезона ќе ги исполнеле сите ветувања во делот на инфраструктурни проекти.
„Така да моите очекувања се дека во вториот, третиот и четвртиот квартал ќе имаме големо засилување на капиталните инвестиции“, рече министерот Сугарески.
Премиерот Зоран Заев најави ребаланс на буџетот во текот на летото, но не поради слабата реализација на капиталните проекти, туку поради тоа што има натфрлање кај буџетските приходи. И тој е оптимист дека во вториот и третиот квартал ќе има забрзување кај капиталните поекти. Во првите три месеци годинава за изградба на патишта, пруги, гасоводи, училишта и други проекти потрошени се замо 26,2 милиони евра од предвидени 420 милиони годинава.
Лоша реализација на капиталните проекти имавме и лани, по што со ребалансот на буџетот Владата мораше да крати околу 100 милиони евра од оваа ставка.
Mahir Demişoski
