Коалиција ПЕИ-ДУИ во Подгорци.

0
326

Синоќа во просториите на Основното училиште Гоце Делчев од Подгорци, се оддржа собир на граѓани односно симпатизери и членови на политичките партии ПЕИ и ДУИ.

Пред присутните збор зедоа представниците од двете партии Арбен Лабеништа – кандидат за градоначалник на Струга, претседателот на ПЕИ – Фијат Цаноски.

Покрај тоа на овој собир присутни беа и останатите раководни лица: пратеникот на ДУИ Недим Мемиши, пратеникот на ПЕИ и генерален секретар Мевмед Џемајлоски, г-динот Муса Џафери, како и представници на листата за советници.

На присутните членови им беше образложена накратко план програмата на оваа заедничка коалиција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here