Од изборниот штаб на д-р Владимир Кочоски за нашата редакција ни изјавија дека агендата на кандидатот за градоначалник во последниве денови е толку набиена,што буквално се користи секоја слободна минута за средба со граѓаните.Во текот на денешниов ден кандидатот за градоначалник на општина Струга беше во посета на селото Подгорци.Таму беше срдечно пречекан од тамошните жители кои му ги кажаа сите проблеми со кои се соочува селото.Факт  е дека оваа локална самоуорава не стави камен на камен во Подгорци ниту пак направи некој инфраструктурен проект.Подгорци е село каде што исто така живеат и Торбеши кои пак исто така не се задоволни од работата на оваа локална самоуправа.

Д-р Владимир Кочоски истакна дека само заедно ќе ја направиме општина Струга подобро место за живеење,секаде каде што нема канализација,водовод,патишта ќе мора да се направат. Со тоа ќе се покаже дека градоначалникот освен за градот напоредно ќе мора да се грижи и за руралните средини.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here