Friday, August 14, 2026
Home Македонија СДСМ: Силјановска добива поддршка само од партии што работат против и ЕУ...

Се докажува дека Силјановска е само пион на Христијан Мицкоски, партиски послушник кој се поклони на груевизмот и застана против интересите на граѓаните и државата.

Поддршката на партијата ГРОМ на Стевче Јакимовски за Гордана Силјаноска потврдува дека претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ добива поддршка единствено од оние политички чинители кои се дел од групи кои се обидуваат да ја блокираат иднината во ЕУ и НАТО, да го блокираат напредокот на државата.

Се докажува дека Силјановска е само пион на Христијан Мицкоски, партиски послушник кој се поклони на груевизмот и застана против интересите на граѓаните и државата.

На граѓаните на Република Северна Македонија не им е потребен нов Иванов, не им треба нов партиски послушник кој ќе работи против НАТО и против ЕУ.

На Северна Македонија и е потребен вистински претседател, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата и посветено ќе работи на процесите што значат напредок, раст и развој, членство во НАТО и интеграција во ЕУ.

Граѓаните нема дозволат нов Ѓорге Иванов и ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски, Јакимовски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз на претседателските избори.

Центар за комуникации на СДСМ

Previous articleСЈО ќе бара продолжување на куќниот притвор за Мијалков за случајот „Империја”
Next articleОбединетите Арапски Емирати и Турција обединети во купување на златото на Венецуела