Обединетите Арапски Емирати и Турција обединети во купување на златото на Венецуела

by Administrator

Венецуела го продава златото на Турција и Обединетите Арапски Емирати

(Дубаи-Портал) Од почетокот средината на Јануари до крајот на месецот фебруари, 29 тони злато, Каракас  планира да продаде на Турија и Обединетите Арапски Емирати во замена за евро, јавува висок офиијален претставник на владата, во разговор за Ројтерс.

Парите и се потребни на земјата, за да се обезбеди ликвидноста за увоз на основните стоки, стои во извештајот на РТ.

Службено лице за Ројтерс изјави дека продажбата за оваа година на резерви на злато, која ја враќа боливарската валута, започна со испорака на 26 јануари со тежина од 3 тони, во вредност од 900 милиони долари, најмногу нерафинирано злато во Турија.

Се на се, нивниот план е, до крајот на фебруари да им продадат 29 тони на Обединетите Арапски Емирати, пренесоле извори кои побарале да останат анонимни со цел да можат слободно да известуваат.

Анонимните извори ги демантираа гласините дека Москва испратила тајни авиони, со цел да се вратат натоварени со злато.

Според извештајот на РТ, централната банка на Венецуела, наводно, почнала да ги продава резервите на злато на сојузничките земји, откако испораките на нерафинирано злато од малитерудници почнало да се намалува.

Во извештајот исто така стои дека, на Каракас му се потребни пари за увоз на основни производи што ги продава населението по субвенционирани цени.

Според податоците на централната банка, банката поседуваше 150 тони злато во јануари 2018 година. До крајот на ноември бројката се намали на 132 тони помеѓу трезорите на централната банка и Банката на Англија.

Банката на Англија одбила да ги врати испорачените 31 тон од златото на Венецуела во вредност од 1,2 милијарди долари. Банкарите во Британија наводно се загрижени дека, венецуелските власти ќе го продадат златото во државна сопственост како само поради “лична придобивки”.

Ројтерс објави дека претседателот на социјалистите, Николас Мадуро, е под силен притисок да се повлече, додека Венецуела е во длабока економска криза, а владата се соочува со широко распространета меѓународна осуда за изборите минатата година, кои ги сметале како лажни.

Починатиот претседател и ментор на Мадуро, Хуго Чавез, ја споменуваше потребата за контрола врз средствата на централната банка на Венецуела. Во 2011 година, тој репатрираше околу 160 тони злато од банките во САД и Европа, во централната ванка во Каракас.

Некои лојалисти на Чавез се критични за продажбата на златото на Мадуро. Густаво Маркез, поранешен министер за трговија под наредба на Чавез, рече дека владата не треба да ги задржи таквите операции во мракот.
САД, кои го поддржуваат обидот на опозицијата да го собори Мадуро и да свика нови избори, ги предупреди банкарите и трговците минатата среда да не се занимаваат со венецуелското злато.
Сенаторот од Флорида, Марко Рубио, испрати порака до амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Вашингтон во четвртокот, предупредувајќи дека секој кој го транспортира венецуелското злато, ќе биде предмет на санкции на САД, според извештајот на Ројтерс.

Mahir Demišoski

You may also like