Почитувани!
Имајќи го во предвид намалениот доток на вода во системот за водоснабдување заради ниските температури кои преовладуваат во делот на Подгречкото Езеро, како и неодговорноста на нашите сограѓани кои во текот на целата ноќ ги оставаат чесмите отворени, односно во текот на истата да протекува вода, и оневозможува резервоарот на овој систем да ја каптира нормалната-потребна количина на вода за обезбедување на непрекинато снабдување од утре: 01.16.2019 година заради спречување на било каква опасност која може во целост да го наруши системот со нормално водоснабдување на населбата, Месната Самоуправа – Подгорци, однесе одлука според која се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето во текот на денот од:
11.00 до 14.00 часот.
Ваквата рестрикација ќе трае се додека не се нормализира, односно обезбеди потребната количина на вода која во нормални услови ја троши населба Подгорци.
Со почит!
Месна Самоуправа – Подгорци










