Унијата на општини на Турција на Гостивар му донираше камион за собирање отпад

0
275

Унијата на општини на Турција, на општина Гостивар ѝ донираше камион за собирање отпад, јавува Anadolu Agency (AA).

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, за АА изјави дека Унијата на општини на Турција на општина Гостивар ѝ донирала камион за собирање отпад.

„Пред два месеца бев во Анкара. Реков дека имаме потреба од еден ваков камион. Денеска е донесен еден примерок“, изјави Таравари.

Примопредавањето на возилото се изврши пред Општината, на која, покрај градоначалникот Таравари, учествуваа и претставници од Унијата на општини на Турција.