„Алфите“ го привеле возачот на Aли Ахмети, возел со таблички од друго возило

by Administrator

Полициските „aлфи“ го привеле возачот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во полициската станица во Карпош, но набрзо бил пуштен. Според полицијата, тој е приведен поради сомнение дека автомобилот ,,ауди” кој што го возел, има регистарски ознаки од друго возило.

Настанот се случил пред 5 дена, кога возачот Ш.И. бил задржан во Полициската станица „Карпош“.

Случајот беше објавен и во полицискиот билтен.

,,На 25.12.2018 година во 21,40 часот во полициска станица Карпош е приведен Ш.И.(44) од село Зајас, Кичевско, поради сомнение дека на автомобилот ,,ауди” кое го управувал има регистарски ознаки од друго возило.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот”, соопшти МВР.

Извор:НоваТВ/Фото: Пресс24

You may also like