Почитувани, како и да било, односно порано или подоцна, снегот ни пристигна и во Подгорци, односно нашата Подогоречка планина, која познатите места како Бачила, Тишкинец и др.. го прекри со својата прекрасна бела покривка.
Се разбира, таа убавина може само да се почувствува доколку барем за момент си дел од неа.
А, ние почитувани, како и секоја година, така и оваа, со големо нетрпение ги очекувавме фотографиите од нашиот сограѓанин, пријател и роднина, Мирсад Исакоски, за кого слободно можеме да кажеме дека е еден од најголемите екологисти, љубител на природата, и без сомнеавање и најголем борец за заштита на истата.
Како и што рековме, а како што и Мирсад ни вети, фотографиите веќе се кај нас, а нас ни преостанува барем делумно да Ви ја пренесеме оваа убавина на Подгоречката планина во бело руво, забележано од објективот на Мирсад, и да му се заблагодариме за споделувањето на овие прекрасни зимски пејсажи..














