Бизнисменот Сефер Цаноски тврди како не верува како Унгарија ќе му даде азил на Никола Груевски. Според него, тој ќе биде испорачан во некој од следните летови за Македонија.
-Љубе,Кежаровски, Велија, Емел и уште многу други машки и гордо ги издржаа затворите. Затворени беа на кукавички начин од истиот тој кој слободно се шеташе и шеташе и шеташе… За на крај комотно и во ист кукавички стил да си замине во прекрасниот град Будимпешта. Не е фер не само поради жртвите, туку поради правдата и иднината. Но, не е ни крај на светот. Унгарија е дел од Европска унија и не верувам дека за ваков криминалец би дале азил. Исто како Санадер на некој од следните летови ќе биде како пакетче испорачан – објави на својот Фејсбук профил Цаноски.











