Утре во Охрид ќе се одржи шестата Годишна Дримска Конференција, на која граѓаните и организациите од Дримскиот басен ќе ја споделат нивната загриженост и ќе ги споделат пред јавноста последните истражување за коренот на проблемите со водите во Басенот и за тоа како можеме да се справиме со нив.
– Како дом на 1.6 милиони жители, басенот на реката Дрим нуди живот и рекреација и на уште поголем број на луѓе, но исто така е меѓународно препознаен поради уникатниот животински и растителен свет кој живее во Басенот. Сепак, иднината на Дрим е под ризик: од загадувањето, од френквентните поплави, од управувањето со водите од страна на браните и тн. Со тоа квалитетот и квантитетот на водата во Дрим е загрозен и преставува опасност за живеењето во регионот, доколку не се управува внимателно. Затоа, the Global Water Partnership-Mediterranean (GWP-Med), со фондови од Global Environment Facility (GEF), работи заедно со with the United Nations Development Programme (UNDP) и United Nations Economic Commission for Europe (UNECE) за да ја поддржи соработката помеѓу земјите од регионот и да осигура подобро управување со овој значаен ресурс. Поддржано со научни истражувања, нашата цел е да се сподели бенфитот од прекуграничните води преку одржлива и координирана акција, информираат организаторите.

На форумот се очекува да бидат преставени извештаите за работата на ГЕФ Дримскиот проект, нацртот на Прекуграничната дијагностичка анализа на Басенот, посебните изготвени извештаи за хидрологијата и за загадувањето на басенот, а главна тема на Конференцијата ќе биде поврзаноста помеѓу водата-храната-енергијата и екосистемот во Дримскиот Басен и интерсекторската координација.
Како дел од Агендата на настаните во Охрид, ќе се одржат и 7-от состанок на Експерските Групи во рамките на Дримскиот процес и 16-тата средба на Дрим Кор Групата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
