По повод новата Хиџретска 1440 година, синоќа во просториите на долна џамија-Октиси, беше одржана свеченост, со која се обележа овој светол настан за муслиманите ширум светот.
Како и во повеќето делови на светот, односно исламските земји, така и ние во Октиси имајќи ја во предвид важноста и улогата на овој настан кај муслиманите, решиме преку нашите талебиња и она што тие го стекнаа преку посетувањето на нашиот мектеб ( читање на Кур`ан, Хадис, историја на исламот и др..) да дадене придонес на неговото значење и важност.
Ова е значаен настан за нас и во ниту еден случај не треба да се заборави, ја истакна неговата важност односно важноста на Хиџретската година во исламот и воопшто за сите муслаимани – имамот во ова џамија еф. Ариф Рамадани, пред присутните, родители, пријатели и роднини, уште еднаш потенцирајќи дека како и сите други религии, така и муслиманите имаат своја нова година, а тоа е Хиџрестката нова година, која започна со преселбата на нашиот Пратеник Мухаммед а.с и асхабите од Мека во Медина во 622 година.
Нашите активности во оваа наша света куќ (џамија) секогаш ги следат позначајните настани и датуми, и заради тоа секога ги обележуваме достоинствено она како што треба и доликува. Се разбира тука би сакал посебно да им се заблагодарам и на родителите на овие наши талебиња, кои еве одлучуја покрај редовната школска настава, нивните деца да посетуваат и настава во нашиот мектеб, каде повеќе ќе се запознаат исламот, арапското писмо, хадисот и др..
Се разбира, овде посебно би сакал исто така да имсе заблагодарам на џамискиот одбор, и џематлиите кои секогаш ни излегуваат во пресрет на сите наши активности, еве како што токму е и оваа вечерва – надополни еф. Рамадани.
На крајот од свеченоста, на присунтите талебиња и дечиња им беа доделени подарок пакетчиња, а во дворот на џамијата обележувањето на овој настан беше забележан и со приредба на огномет.











