Со предвидената реконструкција предвидено е асфалтирање во должина од 1400 метра почнувајќи од делот познат како “Кореа до делот на поранешна Алумина“.
Во текот наредниве неколку денови предвидено е да се дозавршат активностите околу изведбата на одводен канал за атмосферски води по должината на целиот пат, со што дополнително ќе се заштити патната конструкција од понатамошно оштетување, а истовремено се врши расекување на гранките и одстранување на друг отпаден материјал – ни изјави г-динот Мурат Шабани советник во Општина Струга.
Потсетуваме дека реализацијата на овој проект изгласан е во програмата за инфраструктурни објекти на барање на пратеникот Агим Шаќири, а подржан од коалицијата на централната власт.
Покрај тоа, би сакал да потсетам дека благодарение и на сегашниот градоначалник на Општина Струга г-динот Рамиз Мерко и неговиот допринос, овој проект уште повеќе доби на тежина за негово што поскоро решавање, односно реализирање.
Досегашните активности кои се вршат во овие денови околу подготовката за реконструкцијата,(асфалтирање) се врши со средства одобрени од страна на Општина Струга – ни надополни г-динот Шабани.











