И, оваа година во организација на еколошкото друштво Тишкинец од Подгорци и здружението за образование и наука Амбиција од Подгорци, по 17-ти пат се оддржаа зимските спортски игри.
Како и секоја година, во областа наречена -кај бараките- во присуство на многубројни љубители на овие игри имаа можност да ја почувстуваат прекрасната атмосвера, на планинскиот воздух, зимскиот амбиент, а се разбира и вкусот на прекрасно подготвената АЛВА и се разбира топлината на приготвениот планински ЧАЈ.
Во овој дел беа организирани различни игри, тргнувајчи пред се од ски натпреварувањето, влечењето со јаже, стрелање во мета, како и трчање по снег.
За да се почувствува амбиентот треба да се биде присутен на самото место, а за сите наши членови кои не беа и не имаа можност, во оваа галерија прикажуваме само дел низ нашите забележани фотографии.
Уште еднаш голема благодарност до организаторите на оваа навистина прекрасна традиција.
Админ на Дубаи Портал.
[print_gllr id=11268]









