Денес и официјално завврши санирањето на оштетените делови на патната инфраструктура во населба Подгорци, активност која што беше започната пред два дена.
Ова активност е дел од планираната активност на Општина Струга, во заедничка кординација со Месна Самоуправа Подгорци, а која се однесуваше на привремено санирање на оштетените делови на локален пат во населба Подгорци.
Санирањето беше извршено со поставвање на соодветна асфалтна подлога, на местата кои претходно беа обележани и изработени за истата.











