Имајќи ги во предвид оштетувањата на делови од патната инфраструктура на населба Подгорци, од вчера се започна со одстранување на деловите кои бележани за санирање, исто времено во текот на денот беа вршени и санирање на делови кои би можеле да бидат проблем за повторно нарушување, (водоводни, и канализациони цевки)  односно предизвикување на проблем, и повторно отварање (ископ) на подлогата и на тој начин повторно предизвикуваат оштетување.

Предвидено е истите да бидат санирани со асфалтна подлога.

Според последните информации, се очекува во текот на утрешниот ден со поставување на асфалтната подлога, да се заврши и оваа планирана активност, и на тој начин санираат оштетувањата кои веќе извесен период стануваа се повеќе изразени во поголем дел од патната инфраструктура на населба подгорци.

Се надеваме дека во утрешниот ден истата активност ќе биде навремено реализирана, и неизоставена бидејќи наближува период на зголемена фреквентност на автомобили и луѓе, особено во период кога за одморите доаѓаат печалбарите.

Активностите се превземени од страна на Општина Струга, во заедничка координација со Месната Самоуправа на анселба Подгорци.