Имајќи ја во предвид сезоната за наводнување на атарот на населба Подгорци засаден со земјоделски култури, (пченка,компир и др..) како и обезбедување на нормален проток на вода (расчистување на канали занаводнување), како и расчистување на локалниот пат кон и надвор од населба Подгорци, денес имавме можност да ги забалежиме едно од двајцата комунални работници кои како и секоја година, како дел од предвидените активности на МС-Подгорци, се грижат за спроведување и реализирање на оваа активност.

Оваа активност се спроведува секоја година во рамките на предвидениот план програма на месната самоуправа, и таа успешна ја завршуваме благодарение на нашите вработени, ( Сефинан Муслиоски, Изет Џелоски) кои ова активност ја спроведуваат, и во текот на наводнувањето, односно додека истото трае, како и расчистувањето на растенијата-грмушки околу локалниот пат. – ни изјави претседателот на МС – Подгорци г-динот Адем Ајдароски.