И, официјално од денес (05.07.2018) започна наводнувањето на земјоделските површини во атарот на населба Подгорци.
Вообичаено како во претходните години најмногу е засадено пченка, и компир, и мали количини на вртови засадени со патличан, кромид и др..
Ова година за разлика од минатата има мал благ пад во засадените култури,пред се заради одредени информации кои претходно се проширија во населбата, а беа поврзани прекинувањето на функционирањето на водната заедница-Подгорци, согласно законот на Р.Македонија за престанок на функционирање на ваквите организации на ниво на Македонија, и се разбира изборот на вододелител за оваа сезона – ни изјави Насер Реџоски, вработен во Месна Самоуправа – Подгорци и раководител на активностите за реализација на оваа активност.
Како што гледате веќе започнавме со овогодинешнава сезона на наводнување, избравме вододелител, нашиот соселанец Сулејман Мирадиноски, ја контролираме како и секогаш потрошувачката на вода, и активностите си течат во нормала. Засега е рано да се зборува за недостатокот на вода, имајќи го во предвид почетокот на наводнувањето, како и обилните дождови кои ги имавме пред неколку недели наназад се надевам дека нема да има било каков проблем кој би ја попречувал ваквата активност, се разбира тука во предвид треба да биде и разбирањето на нашите граѓани кои имаат засадено земјоделска култура, кои ке ја користат нашата услга( наводнување), а се разбира и нашата организациона поставеност, тргнувајќи од мене, вододелителот и се разбира вработените кои ќе се грижат за регулирањето на протокот на вода, се надеваме дека нема да имаме проблем, ни надополни на крај Насер.
Ова е прв ден, досега нема застој, луѓето ги известуваме навреме за времето кога ќе можат да наводнуваат, имаме доволно вода, и се надеваме дека така ќе остане до крај, ни изјави овогодинешниот вододелител Сулејман Мирадиноски, и надополни дека се надева луѓето да имаа разбирање во ваквите активности доколку дојде до било каков мал застој во снабдувањето на вода, или пак помести терминот (часот) кога одреднео лице треба да наводнува, кратко ни изјави Сулејман.
Инаку, од 02.07.2018 лицето Сулејман Мирадиноски е вработено со полно работно време, како дел од вработениот персонал на МС-Подгорци.
Потсетуваме, дека оваа активност на вододелител, г-динот Мирадиноски ја извршуваше и во 2016 година.











