Подгорчани, покрај голем број на други работи, познати се и по одржување и негување на традициите. Една од многу бројните традиции која и ден денес опстојува а низ неа поминале голем број на наши сограѓани Подгорчани од сите генерации, односно од најмалите па се до најстарите е 4-јули.
На оваа дата (4.ти јули) Подгорчаните се потсетуваат на традиционалниот излет кој секогаш заеднички во друштво со своите најблиски роднини и пријатели уште на 3-јули заминуваа во нашите познати Подгоречки бачила каде една вече се претстојуваше во познатите традиционални рачно направени импровизирани колиби, шатори, па и оние од новоизградените викендици.
Оваа година, на нашето Подгоречко бачило му беше вратен претходниот сјај-убавина преку која беше познато во изминатите години, а тоа беше бистрата вода која после толку години повторно протече ни старото корито на ова место, и придонесе повторно да се слуша жуборот на водата, како и клацкањето на лубениците (карпузи) кои се ставаа во бистрата и ладна вода да се капат и стануваат уште посвежи.
Поминувајќи ва вечерта со музика, покрај запален оган греејќи се и пркосејќи и на познатата планинска температура.
Се разбира неизоставна е и посетата на Подгоречкото езеро, како и собирањето на паун.
Во прилог на овојгодишен традиционален излет Ви прикажуваме дел од забележаната атмосфера од годишениов традиционален излет, каде при нашето пристигнување поголемиот дел од оние помладите генерации, кои веќе пристигнале уште од 2-јули веќе се подготвуваа за заминување кон своите домови, односно Подгорци.
Се разбира преку фотографиите и видеото уште еднаш ќе се обидеме да Ви ја представиме убавината на нашата подгоречка планина, подгоречкото бачило, како и сё она што ги опкружува.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=EpA_3mpw3e0[/embedyt]











