Како што наликува редот, така и оваа година, оние кои секогаш го најавуваа крајот на дневниот пост и почетокот на суфур, односно нашите тапанџии, започнаа со прибирање на даровите од своите соселани, на кои веќе до наредниот да си дочекаме мубарек месец Рамазан ќе им недостига нивниот тропот.

Подгорчани веќе одамна ја продолжуваат ова традиција, кога станува збор за мубарек месец рамазан, месец на пост, намаз и заслужување на Аллаховата награда која вистинските верници и постачи ќе ја добијат на предстојниот голем празник Рамазан Бајрам.
Не представува ниту малку тешкотија околу ова што го извршуваме како дел од нашата традиција, тоа ни прави посебен ќејф и задоволство, и досега како и оваа година немаме никаков проблем со нашите Подгорчани, кои еве вечерва како дел од традицијата секоја година на крајот од месец Рамазан, нашата вреќа ја полниме со разни дарови кои нашите Подгорчани ни ги даваат при посетата на нивните домови, посакувајќи им Возвишениот Аллах да им ги укабули рамазанските денови кои ги поминаа во пост и намаз, и Иншаллах да ја добијат заслужената награда која Возвишениот Аллах ја има и ја чува за сите оние кои деновите ги поминале онака како што е пропишано кога станува збор за месец Рамазан и иншаллах да си дочекаме и наредната година, ни изјави Исмаил Џелоски, главниот рамазански тапанџија, кој и оваа година беше придружуван од Сефидан Муслиоски, и Изет Џелоски.

И, додека си заминуваа од кај нас, сеуште се слушаше тропотот на тапанот кој малку по малку се се слушаше криејќи се зад посетата на домовите на Подгорчани.
Потсетуваме дека за разлика од одреден број на населби каде овој дел карактеристичен за месец Рамазан повеќе и не постои, Подгорчани како традиција сеуште ја негуваат и продолжуваат со години наназад.











