Протест против промена на името се одржува вечерва пред Собранието на Република Македонија.

„Македонија, Македонија“, извикуваат околу 1.500 учесници на протестот.

Протестот започна околу 20 часот.

Демонстрантите запалија факли и ја пејат навивачката песна „Излези момче“.

Денеска на протест повика навивачката група Комити за, како што рекоа, одбрана на Македонија.

Насобраните граѓани протестираат против најавениот договор за промена на уставното име на Македонија.

„Нашето име е нашиот идентитет“, „Лажете, сушите, на Грците им го пушите“, „Едно име имаме – Македонија“, „Македонија ја извисивте, на бесилка ќе висите“, „Предците наши во гроб се вртат, а политичарите на соседите им се тртат“, пишува на паролите што граѓаните ги истакнаа на протестот. Тие бараат и оставка од Владата.

Не се знае кој е организатор, во текот на денот преку социјалните мрежи се испраќаа апели за учество.

Меѓу насобраните граѓани нема некој од поистакнатите политичари на опозицијата, пред Собранието има зголемени полициски сили.

Протестот се уште трае.

Извор:НоваТВ