Во Саботата на 19 мај 2018 со почеток во 11:00 ч, во основно училиште Ѓоргија Пулевски, општина Аеродром Скопје, се одржа карате натпревар создаден за карате пријателите.

На тој натпревар учествуваа и каратистите од Лабуништа и тоа : Aхмед Исејноски, Алдин Бајрамоски, Мустафа Сулејмани, Беадин Исејноски, Амил Зенделоски, Сабит Сулејмани и Раимка Јускоска, во изведување на Кати.

Натпреварувањето се одвиваше во добро организиран и замислен настан, така што натпреварувачите се чуствуваа пријатно и расположени за презентирање на нивните ката вештини.
Секој учесник на овој настан доби : Подарок, Диплома за учество, Етикети со симболот на натпреварот и Медал како спомен на карате настанот

Каратистите беа предводени од тренерот Ерол Зенделоски, кој што ги имаше спремено за изведување на кати, но доколку имаше и категорија за борби каратистите ќе покажеа добри резултати. За борби беа спремни : Сулејман Сулејмани, Енсар Кормакоски, Берин Салоски, Анел Зенделоски, Шехид Даноски, Омер Адилоски, Насер Салкоски и Анес Максутоски. Исто така и Артим Ајрулоски и Рамадан Рамаданоски беа подготвени за борби но поради категориите кој што беа предвидени за деца не настапиа на овој карате настан.
Извор:SpektraTV









