И официјално на покана на Хуманитарното здружение ХАЈАТ-Кичево, кој е носител на проектот за изградба на Културниот центар “Реџеп Тајип Ердоган“, и Унијата на Европските – Турски Демократи од Македонија, представник на Дубаи Портал – Махир Демишоски, утре со дел од представниците од Македонија ќе предстојува на 6-от конгрес на Унијата на Европските -Турски Демократи кој се одржува во Сараево, каде ќе има можност да присуствува на овој конгрес, на кој покрај сите останати како почесен гостин ќе се обрати и ќе биде и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Представниците од Македонија кои ќе бидат дел од овој конгрес синоќа од 22.00 часот тргнаа за Сараево каде денес во претпалдневните часови ќе бидат примени од тамошните организатори на овој собир.
По тој повод, уште една редакцијата на Дубаи Портал, посебно сака да им се заблагодари на Хуманитарното Здружение ХАЈАТ – Кичево, кои ни ја дадоа довербата да ги покриваме сите настани околу почетокот на изградбата на Културниот Центар “ Реџеп Тајип Ердоган“ – Кичево, како и сите други наредни активности.
А, ние почитувани посетители на Дубаи Портал, од утре на нашиот портал ќе можете да ги проследите сите активности поврзани околу овој настан (видео,фото) благодарени на нашиот представник, и се рабира сите оние кои ни ја дадоа довербата и овозможија овој настан да го пренесеме и преку нашиов портал.










