АР: Македонија лани била цел на хибридини закани

by Administrator

Македонија лани беше цел на хибридини закани во неколку клучни моменти, особено при промената на власта и соседските односи, пишува во Годишниот извештај на Агенцијата за разузнавање (АР).

Извештајот кој во март 2018 беше презентиран пред собраниската Комисија за надзор над УБК, сега е достапен и на веб страницата на АР.

– Разузнавачките приоритети беа насочени кон детектирање и откривање деструктитвно влијание на надворешни сили кои преку медиумско-политички инсталации во РМ и регионот, се обидуваа да влијаат врз перцепцијата на граѓаните со проектирање антизападен (против НАТО/ЕУ) наратив, наведува Агенцијата.

Во фокусот на разузнавањето минатата година биле илегалната миграција, верскиот радикализам, меѓународниот тероризам, транснационалниот организиран криминал, како и економските и безбедносните интереси.

АР во почетниот дел пишува дека првпат од своето основање јавно презентира годишен извештај за своето работење, а причината за ваквиот потег, додава, е зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Податоците кои се наведени во документот се декласифицирани, со  што се запазени одредбите на Законот за класифицирани информации.

Извор:НоваТВ

You may also like

Leave a Comment