Четири лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случила попладнево околу 17:00 часот на патот Ресен-Охрид, во близина на селото Крушје.
Порталот Апла.мк информира дека во сообраќајната несреќа учествувале три возила, Мерцедес, Ауди и БМВ. Од нив две биле со битолски, а едно со охридски регистерски таблички.
Од полицијата за порталот ја потврдиле информацијата, но, не соопштиле повеќе детали. (Крај)
извор: ohridpress/апла.мк фото: архива










