Франција повеќе не инсистира на оставка на Асад

by Administrator

Париз повеќе не инсистира на оставката на сирискиот претседател Башар ал Асад како предуслов за решавање на конфликтот во таа земја, изјави денеска францускиот амбасадор во Русија, Силви Берман, “Ние нема да одлучиме за сирискиот народ, ама безусловната оставка од страна на Асад повеќе веќе не е во оптек”, изјавила таа, наведувајќи дека Франција е против ситуацијата да териториите кои ќе бидат ослободени од терористите едноставно да им се предадат на Дамаск.

Таа истакна дека иднината на Сирија е прашање на дијалог помеѓу политичките сили на таа земја.

“Идејата беше презентирана на Конгресот на сирискиот национален дијалог во Сочи и беше одобрена од претставникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистур, кој предвидува формирање на уставен комитет за решавање на прашањето за новиот устав на Сирија, но јас не мислам дека сирискиот режим го прави тоа за сега, Берман.

Според Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, поддржана од сите членки, вклучувајќи ја и Франција, конфликтот во Сирија треба да се реши врз основа на дијалог меѓу сите политички сили во таа земја.

Резолуцијата утврдува временски рамки за претседателските и парламентарните избори по постигнувањето на договор, но не зборува за иднината на одредени поединци, вклучувајќи го и претседателот Башар ал Асад.

Извор:(Vijesti/ SRNA)

You may also like

Leave a Comment