Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини попладнево во Скопје рече дека носи добра вест од Стразбур: Се вративе назад на добрата патека.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=zOBsF3XuAyY[/embedyt]

– Каде бевте пред една година, кога бев последен пат тука и каде сте сега. Можете да славите, ова е големо достигнување и потоа да се вратите на работа, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

Процесот кон пристапувањето во ЕУ, Могерини го опиша како видео игра, чија што крајна цел е подобрување на стандардот и квалитетот на живот.

-Кога ќе завршите едно ниво добивате ново ниво, а на крајот од денот добивате екстра поени. Вистинската цел не се институциите, туку подобрување на стадардот на граѓаните и подобар квалитет на живот. Сето ова започна и ова се придобивки кои членството во ЕУ ги носи со себе. Следно ниво е спроведувањето на реформите. Во препораката има два магични збора – подобрување и продлабочување. Да се биде транспарентен, одлучен и строг значи дека ќе се остварат и вистинските резултати, рече Могерини.

Таа потенцира дека постигнувањето е заеднички успех на Владата, Парламентот, опозицијата и сите граѓани на Македонија. Притоа рече дека одговорноста е на Владата, а опозицијата треба да се ангажира, бидејќи како што предупреди, доколку политичките сили не успеат да ги идентификуваат националните приоритети, има можност за уназадување и за излегување од европската патека.

Според неа, во целиот овој процес, најважно од се е користа за граѓаните

Како посебно импресивни чекори што Владата ги презела, Могерини ги истакна регионаллната динамика и односите со соседите.

Во врска со спорот со името и најавите од Грција дека не може да се реши спорот до јуни, Могерини вели дека времето што е пред Македонија треба да се искористи позитивно и храбро и дека не може да предвиди што до тогаш би се случило.

Премиерот Заев се заблагодари што ЕК ја препознала позитивната енергија со која Владата влегла во политичкиот процес преку Планот 3-6-9, ги вреднувала конструктивните политики  на Владата, на политичките чинители, опозицијата и граѓанскиот сектор , на добрососедство, со кои беше затворено прашањето со Бугарија и на пат сме, како што рече Заев да го затвориме и праѓањето со Грција со достоиствено решение за двете страни.

-Успеваме за само 10 месеци да направиме голем исчекор во интеграциите. Ја препознавте позитивната енергија и има позитивна промена во политичкиот менталитет изјави Заев.

Тој наведе какви се реформи и во кои сектори направила Македонија.

Заев рече дека сме на пат да го затвориме и прашањето за името со Грција.

еерично сме посветени на спрове одрливи реорми, а од денес поставвмена маса нова диманкте на реформскиот процес. ќе г оправдаме очекувања и че дадеме нови прилину за поддршка.

 Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here