Локалните избори во Струга се на прагот.Албанските партии ги претставија своите адути за локалната изборна трка.Рамиз Мерко после 2 мандати го напушта кормилото во Општината и на ова место сега како кандидат доаѓа докторот и актуелен пратеник во Македонското собрание Арбен Лабуништа.

ДУИ во Струга сеуште ги подготвува совтничките листи.Неофицијално дознаваме дека се води огромна борба кој да бидат идни советници во Струшкиот совет.Мерко декларативно изјави дека ќе ја подржи кандидатурара на Лабуништа и дека со сите сили како претседател на огранокот во Струга ќе работи тој да победи.
ДПА исто така го претстави својот кандадат за градоначалник Зијадин Села актуелен пратеник во собранието на РМ.Исто така тие го претставија и носителот на листа на советници Абдула Ќазимоски од Лабуништа.Претходно на ова место беше предложен Лавдрим Елмази кој е претседател на ДПА во Струга но во последен момент на ова место се става Ќазимоски.
Акцентот што албанските партии му го стават на ова село и не е случаен.Јавна тајна е дека оваа село го носи победникот во Струга.СО КОГО СЕ ЛАБУНИШТАНИ ТОЈ Е ПОБЕДНИКОТ-е нешто што јавно се зборува низ струшката чаршија.Но дали се Лабуништани свесни што имаат во рака??
Дали од ова село може да излезе независен кандидат за градоначалник на Струга останува да видиме уште некое време.Од неофицијални извори дознаваме дека во селото веќе наголемо се шпекулира дека дојдено е време Струга да има градоначалник од ова село.Тоа ќе биде премин кој ќе мора да се помине и да се смират страстите во Струга каде веќе 8 години се води етничка а не партиска борба.Ова ќе биде решение затоа што Лабуништа како село е специфично по многу работи.Над 80% од жителите на ова село мајчин јазик им е македонскиот,а поголем дел од нив во пописот се декларираат дека се Албанци.(извор-wikipedija)Ако појдете во Лабуништа ќе видите дека по сите кафани,продавници,и слично се зборува македонскиот јазик и дека тие воопшто и не го разбираат албанскиот јазик.
Поради тоа сметаат нашите извори нема да биде никакво изненадување ако од ова село се промовира кандидат за градоначалник на Струга кој ќе направи и своја советничка група која ќе содржи советници не само од Лабуништа него и од околните села.Лабуништани овој пат ја имаат историската можност да се изборат за свој глас во општина Струга.









