Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, истоименото училиште од Подгорци денес на свечен начин го прослави својот патронат.
Како и секоја година, така и оваа година решивме со низа на подготовки на нашите ученици, тргнувајќи пред сё од, рецитали, драми, игри и други активности решивме да го одбележиме нашиот патронат.
Се разбира, како и секоја година, на претходно објавен конкурс во нашава образовна установа, на сите оние ученици кои учествуваа на овој конкурс, а се однесуваше за избор на најдобра остварување на нашите ученици од делот на Литературниот и Ликовниот дел.
Оваа година на конкурсот со свои литературни и ликовни дела учествуваа голем број на ученици, а нашата комисија ги избра следните за најдобри:
Литературен Конкурс
1.Аида Авмедоска
2.Бојан Ѓорѓески
Ликовен Конкурс
1.Бегуша Муслиоска
2.Јована Мариноска
3.Исмет Арсланоски
Во ова пригода исто така би сакал посебно да им се заблагодарам и на родителите на сите наши ученици кои еве денес изнајдоа и издвоија дел од своето време, денес да бидат на оваа наша свеченост и споделат впечатоците од дистигнувањата и умеењето на нашите ученици од делот на образовните и други активности.
Се разбира притоа тука да не ги изоставам и нашите вработени кои секогаш изнаоѓаат време за подготовка на ваквите свечености и се разбира подготвка на учениците без кои ваква приредба не би можела да се одржи- ни истакна на крајот директорот на ова училиште г-дин Фадил Исламоски, притоа уште една повикувајќи ги родителите да бидат дел од образовниот процес на ова училиште кое претставува темел на образованието на нашите деца – ни изјави ВД. Директорот Ариф Имероски
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=xmn51diOBi4[/embedyt]









