Покрај Рускиот, Белорускиот и Македонскиот амбасадор непожелен во Бугарскиот парламент

by Administrator

Нов скандал  во Бугарија. По амбасадорите на Руската Федерација Елеонора Митрофанова и Никита Лешуков в.д амбасадор на Белорусија, кои според прес-центарот на бугарскиот парламент нема да бидат поканети на првата седница на 48. Народно собрание, закажано за 19 октомври, бугарски пратеници го покренале прашањето за присуството на конститутивната седницата  и на македонскиот амбасадор во Софија.

Бугарски пратеници го поставиле прашањето дали и претставникот на Северна Македонија треба да влезе во Народното собрание во Софија, откако како што велат тие „нашата национална химна беше исвиркана на фудбалски натпревар во Скопје“.

You may also like