Подгорчани пред дилема: Кој треба? Кој е должен? и Како да се помогне во купувањето на превозно средство за транспорт на ѓубре,

by Administrator

На 24 декември минатата година (2022) на социјалната мрежа фејсбук, односно профилот на Месната Самоуправа Подгорци беше објавено известување за набавка на камион за собирање на ѓубре за потребите на Месната Самоуправа – Подгорци која стопанисува со собирањето на отпадниот и друг материјал.

Во истото известување беше наведено дека средствата ќе започнат да се собираат од 30.декември 2022 за време на џума намаз во двете џамии на ова населба , се разбира и подоцна доколку има заинтересирани граѓани кои сакаат да помогнат во неговото купување.

Меѓутоа како и секогаш добро или не добро запознати за тоа како одат и како треба да изгледаат работите, жителите на оваа населба во разговор со представници на нашата редакција веднаш по петочната молитва и почетокот на прибирањето на финснсиските средства, имаа поделено размислување, и еден куп дилеми.

Дилемите можат да се сведат на неколку прашања кои ги подтикнаа самите жители на населба Подгорци.

  • 1.Дали граѓаните на населба Подгорци се должни да купуваат камион, и покрај тоа што Месната Самоуправа е таа која што стопанисува со оваа дејност ?
  • 2.Дали Месната Самоуправа која стопанисува со оваа дејност и прибира средства (наплатува) за прибирање на ѓубрето е должна самата да набави соодветно средство (камион) за транспорт на отпадниот материјал ?
  • 3.Дали Општината е должна да помогне или пак да учествува во активноста за купување на вакво средство ?

И уште еден куп размислувања на граѓаните на оваа населба.

Од тука оваа текст информација ја споделуваме како дел, преку кој сакаме да ги споделиме вашите размислувања и помогнеме во решавањето на овие дилеми.

Образложение:

Редакцијата на Дубаи Портал, не наметнува ниту едно од горе наведените прашања, туку истите се дел од забелешките на нашите жители преку кои се забележани овие прашања.

You may also like