Општина Струга: Потпишан договор за реконструкција на патот до село Подгорци

by Administrator

Станува збор за проектот – реконструкција на патот до село Подгорци. За овој проект се издвоени средства во износ од 6.000.000,00 денари од Бирото за регионален развој како и средства од Буџетот на Општина Струга во износ од 3.000.000,00 денари.

Се потпиша договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струга, како носител на проектот.

Огласот за тендер е во тек.

You may also like