Европол и Интерпол со македонската полиција трагаат по измамниците со лажните вести за трговија со крипто-валути, велат од МВР. Дел од трагите на измамничките сајтови водат до адреси во Британија, САД, Сингапур и бараат внесување лични податоци за тргување со крипто. Политичари и новинари кои се злоупотребени во измамата веќе поднеле пријави
Два погрешни клика на интернет и веднаш ви ѕвони мобилниот телефон од сомнителен број со префикс од странство. Да се јавите или не?
Ова прашање си го поставил 48 годишниот скопјанец Петар кој кликна на линк со лажна вест во која е злоупотребено името и фотографија на македонска новинарка, лажно наведувајќи дека таа починала во сомнителни околности откако објавила како на брз начин се збогатила во крипто валути.
Кампањата со вакви измами најмалку две недели е активна на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Таму се објавуваат линкови од стории со лажни вести за македонски јавни личности, кои имитираат познати медиуми за публиката. Злоупотребени се имињата на поранешниот премиер Зоран Заев, актуелниот премиер Христијан Мицкоски, на поранешниот директор на ТИРЗ Виктор Мизо, како и многу новинарски имиња.
Во текстовите кои што ги анализиравме се тврди дека со едноставно кликнување на линкот граѓаните може да започнат лов на големо богатство. Вакви веб-страници се генерираат секој ден со нови ликови, ама со иста приказна, која на крај може да заврши со испразнета сметка на читателот.
Повеќе на РСЕ
