Лидерска средба за името утре во 13 часот

by Administrator

Премиерот Зоран Заев денеска во Струга најави дека во утре во 13 часот Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија.

На средбата, како што рече, очекува да се изгради консензус за ова прашање.

Заев појасни дека министерот за надворешни работи Никола Димитров веќе ги контактира сите поканети изразувајќи уверување дека сите ќе бидат присутни на средбата. Тој посочи и дека на вечерашната закажана средба со партиските лидери не е планирано да се разговара за прашањето околу името, појаснувајќи дека и процесот „Жан Моне“ е посветен на мошне важно прашање, така што целосно ќе биде посветена токму на тој процес.

Средбата доаѓа по вчерашните разговори на Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Софија, по која Заев изјави дека е утврдена една опција што е прифатлива за двете страни, но дека за неа прво треба да се консултираат со сите релевантни фактори во своите земји.

Потоа вечерта во неколку медиуми се прошири информацијата, за која беше посочено дека потекнува од дипломатски извори, дека взаемно прифатливо решение за двете страни е Република Илинденска Македонија.

Извор:Мета

You may also like

Leave a Comment