Конкретно, Управниот суд на Република Македонија, е тој кој прогласи гласачки ливчиња без печат за важечки, а не Државната изборна комисија, напротив Државната изборна комисија укажа и побара од членовите на избирачките одбори задолжително да ставаат печат на гласачките ливчиња, велат од ДИК
Државната изборна комисија се пишмани и на денешната 35-та седница ја поништи предложената измена на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња пред вториот круг од локалните избори.
Предложената измена, која сега е поништена, предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен пропуст од страна на избирачкиот одбор. Во оваа ситуација, за важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат.
Втор круг од локалните избори ќе има во 44 општина, а освен во Шуто Оризари, прегласување ќе има и на едно избрачко место во Дебар.
Оттаму појаснуваат дека ваквата измена на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик, произлезе од Пресудата на Управниот суд каде што меѓу другото се вели … „ во таа смисла недозволиво е поради пропусти направени од членови на избирачкиот одбор, гласачите кои гласале и ја изјавиле својата волја на гласањето, нивните гласачки ливчиња кои немале печат да се сметаат за неважечки“.
