
Многумина во Струга се сомневаат во вистинските сопственици на оваа фирма, а ние сме тука за да го докажеме тоа со факти. Милионите што општина Струга и ги дава на оваа компанија одат директно во џебовите на Рамиз Мерко и Армен Кадриу а за тоа сведочат десетиците банкарски трансакции кои што ние ги обезбедивме и кои ќе ги предадеме на сите медиуми во државата. Ќе им доставиме податоци за датумите, износот и субјектите на трансакциите, но не и оригиналните записи, бидејќи сакаме да ја осигураме безбедноста на изворот. За сите овие трансакции се известени Јавното обвинителство и Финансиската полиција, а за нивното нереагирање ќе треба сами да одговорат.Милиони евра од СИТИЛАЈТ се уплатени на приватната сметка на Армен Кадриу и неговото семејство и на сметката на ПРИВАТНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА РАМИЗ МЕРКО. Овие трансакции најдобро ја докажуваат поврзаноста на кланот МЕРКО – КАДРИУ со фирмата СИТИЛАЈТ како и кражбата која секојдневно ни се случува. За да биде скандалот уште поголем, Владата на Северна Македонија во текот на овој мандат исплати 50 отсто од долговите на општините. На општина Струга и беа доделени над 2 милиони евра, додека Рамиз Мерко меѓу десетиците фирми ја избрал СИТИЛАЈТ за одеднаш да и исплати над 1,2 милиони евра од тие средства. Причината веќе се знае.

Во прилог ви прикажуваме видео и фотографии:


„Dubai-Portal“
