Горивата поевтинуваат за 1,5 денари

by Administrator

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 74, a „еуродизел“ за 63,5 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,75 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,899 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Извор:Мета

You may also like

Leave a Comment