(Видео) Октиси: Уништување на шумата за време на полициски час и забрана за движење во шумите

by Administrator

Денес до редакцијата на нашиов портал беше испратено видео од страна на загрижени граѓани револтирани во врска зебележаното уништување на шумата во делот на населба Октиси познат како “Оџоски кутили „и сето тоа се прави односно е направено за време на полициски час, и време кога е донесена одллука за посета на шумите воопшто низ цела Македонија.

Од самото видео може да се забележи до кој степен е извршено уништувањето, односно сечата на просторот во овој дел на населбата.

Од тука и самите граѓаните на Октиси изреволтирани, прашуваат кој и зошто во време на полициски час се осмелува да сече дрва и уништува шумата?, Зошто? и која е целта?

Прашуваме зошто ова се случува и покрај вчерашната одлука на владата за забраната за движење во шумите? Кој ли има смелост покрај полициски час и забрана за движење во шумите уште па да ја уништува? Апелираме до надлежните органи да го спречат ова злосторство што се прави, во спротивно жителите на Октиси ќе ги превземаат работите во свои раце и нема да се почитуваат ниакакви мерки на владата и ќе излезат масовно на протести бидејќи трпението на октишани е при крај.

Постетуваме, имајќи во предвид дека може да дојде до ваква активност во овој дел од шумата на населба Октиси, жителите на оваа населба на 21.фебруари оддржаа мирен протест на кој го изразија своето незадоволство од ваквата можна одлука за реализирање на сеча на ово дел на шумата од населба Октиси.

https://www.facebook.com/336690959784753/videos/295297668125026/

Dubai-Portal

(Архива на видео од мирен протест, оддржан на 21.фебруари 2020)

(ФОТО/ВИДЕО) Втор протест на жителите на с.Октиси, поради сечата на дрва

You may also like