Владејачката коалиција во Македонија би можела да падне во криза заради Законот за јазикот, кој предвидува воведување на албанскиот јазик како втор службен во земјата, на кој највлијателната опозиција ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 35.000 амандмани.
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, негирал дека претставниците на партијата се против донесувањето на на законот.
Имено, претседателот на парламентот, Таљат Џафери, претходно изјави дека некои пратеници на СДСМ исто така се противат на законот кој ќе го воведе албанскиот јазик како втор официјален јазик во Македонија.
Џафари рекол дека на политичките партии им дал уште една недела да се согласат околу усвојувањето на наведениот закон и дека без оваа хармонизација процесот на усвојување не може да се продолжи.
Тој истакнал дека сé уште му преостанува да свика седница на која без расправа и изјаснување за амандманите на опозицијата веднаш би се гласало за или против споменатиот закон.
Така, според медиумите, опозицијата се најде помеѓу Заев и Џафари.
Џафери го обвинува СДСМ дека нивни пратеници се против Законот за јазикот, а Заев енергично ги отфрла како неточни и тврди дека во неговата апртија нема такви.
Инаку, парламентарната опозиција остро се противи на усвојувањето на Законот за јазиците, за кој сметаат дека е дел од “тиранската платформа”, која беше направена со поддршка на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, непосредно после парламентарните избори во Македонија.
Прифаќањето на “тиранската платформа” беше услов за формирање на новата македонска влада.