Турските граѓани ќе ги информираат и запознаат луѓето во Брисел за вистинското крволочно лице на сепарартистичко-терористичката организација ПКК која наоѓа широк простор на слободно делување во Европа

Турците кои живеат во Белгија ќе постават свој шатор и ќе го откријат вистинското лице на шаторот на терористичката организација ПКК кој повторно беше поставен во центарот на Брисел.
Турските граѓани ќе ги информираат и запознаат луѓето за вистинското крволочно лице на сепарартистичко-терористичката организација ПКК која наоѓа широк простор на слободно делување во Европа.
Басир Хамарат, претседателот на огранокот во Белгија на Сојузот на европските турски демократи (УЕТД) истакна дека во четврток ќе постават шатор пред Европскиот парламент.
Велејќи дека на тој начин луѓето ќе бидат информирани за штетите предизвикани од нападите на терористичката ПКК, Хамарат рече: „ПКК не ги убива само нашите полицајци и војници. Во нападот во Анкара измасакрира дури и една бремена жена со нејзиното бебе. Со самоубиствените напади кои ги реализира во градовите ги масакрира недолжните луѓе. Згора на тоа овие нејзини напади не се и нови. Долги години безмилосно ги убива цивилите. Сетоа треба да им се раскаже и објасни на луѓето.“
Басир Хамарат истакна дека на шаторот ќе бидат поствени и фотографии на војници и полицајци, како и на цивили кои ги загубија своите животи во нападите на терористичката организација, а го додаде и тоа дека нема да бидат заборавени и жртвите во терористичките напади во Белгија, Франција и Пакистан.
Хамарат рече: „Тероризмот не избира жртви. Ние тоа ќе го покажеме со поставување една до друга на фотографиите на жртвите во терористичките напади на ПКК и ДЕАШ.“