Турција оствари три пати поголем економски раст од Европа.

by Administrator
Turska ostvarila tri puta veći ekonomski rast od Evrope

И покрај моменталните проблеми во регионот во кој се наоѓа, Турција успеа да оствари три пати поголем економски раст од Европа, изјави турскиот мин истер за финансии, Мехмет Шимшек
“Имајќи ја во предвид и најголемата криза во последните 60 години, кризата во Европа, кризите на Блискиот Исток, Турција остварила економски раст од 5%“, истакнал Шимшек.
Од националниот приход вреден 230 милијарди долари во 2002 година, турската економија го зголемила учинокот на вредноста од 800 милијарди долари, додал министерот.
Фактот дека е остварен три пати поголем економски раст од европскиот, претставува показател дека Турција е на вистинскиот пат, и покрај сите тешки околности во нејзиното соседство. Темелите на Турција се довоно цврсти за да му се спротивстават и издржат на настаните и притисоците од околината.
Извор: TRT

 

You may also like

Leave a Comment