Тачи: Исламските терористи и Русите се наша најголема закана.

by Administrator

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи денес изјави дека закани за регионот на Западниот Балкан се Исламскиот екстремизам и растечкото влијание на Русија.

Тој рекол дека “ многу е тешко  истовремено да се тежнее кон членството на ЕУ и одржување на воена парада за Владимир Путин“.

Тој бил уверен дека Србија наскоро во блиска иднина и официјално ќе ја признае независноста на Косово.

“Тоа можеби нема да се случи утре, ама ќе уследи во блиска идн ина. Пристапувањето на Србија и Косово во ЕУ ќе биде поврзано“, изјавил Тачи во интервју за агенцијата АПА.

Косовскиот шеф на дипломатијата изјавил дека и Западниот Балкан, според неговото мислење го загрозуваат два феномени: на една страна е Исламската држава и екстремизмот подготвен на насилство во поедини делови на Балканот, а на друга страна растечкото влијанир на Русија во некои земји.

Тачи ја критикувал изјавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачич на минатонеделната конференцијаза џихадизмот во Виена, дека западот  благовремено не го сузбивал екстремизмот, туку го потикнивал.

“Тоа очигледно бил обид да сопствената улога во ширењето на насилството и екстремизмот пред 20 години да се оправда“, отценил тој.

Тој исто така надополни дека “ Косово не е место каде се одгледува исламскиот екстремизам, туку против него се води борба“ и во таа прилика наведил дека Приштина неодамна, по австирскиот приме, го усвои законот кој забранува учество во странски војни.

Тој исто така негирал дека меѓу поранешните борци на ОВК имало џихадисти.

“Бев политички лидер на ОВК и нокогаш не дозволив во нашата ослободителна борба да се приклучат верски борци, да џихадистите ја извалкаат нашата војна“, изјавил Тачи и додал дека екстремизмот на Косово доспеал преку “наводните хуманитарни верски организации од Блискиот Исток, кои не биле вистински хуманитарци.

Тој подвлекол и дека патот на Косово во независноста е неповратен, потсетувајќи дека 108 членки на ОН ја признаа независноста  и дека речиси секој месец во Приштина се прима во нова меѓународна организација.

Според неговите зборови, приближувањето  кон ЕУ и НАТО сега е најблиску одтколку во ОН, каде Русија има право на вето, додавајќи дека се надева дека Москва, кога станува збор за Косово, ќе престане да биде повеќесрпска од самата Србија“.

Тачи исто така е уверен дека Белград наскоро “ ќе го признае губитокот на јужната покраина“.

Кога станува збор за илегалните мигранти од Косово во ЕУ, Тачи е уверен дека повеќе нема да има бранови од овој вид, изразувајќи надеж дека ЕУ ова година ќе ги укине визите за граѓаните на Косово.

“Косоварите би требало да добијат слобода со која ќе можат да ги посетат своите роднини во државите на ЕУ, а пред се би требало и да искусат дека Европа не е рај“, заклучил Тачи.

Извор:(b92/tanjug)

You may also like

Leave a Comment