
Многумина реагираа нервозно на новиот севернокорејски нуклеарен тест, во кој наводно е тестирана мини хидрогенска бомба, истакнувајќи дека Северна Кореја представува меѓународна закана. Меѓутоа, од Пјонг јанг ситуацијата ја гледаат поинаку- истакнувајќи дека немаат желба никого да нападнат, ама нуклеарен арсенал мора да имаат бидејќи истиот претставува сигурна одбрана од потенцијални странски напади.
“Станува збор за самоодбрана, да се заштити нашиот суверенитет, гаранција на мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров“, се потврдува во изјавата која е објавена од страна на севернокорејската официјална државна новинска агенција КСНА.
Понатаму, во изјавата се наведува дека нуклеарниот арсенал е единствена заштита од агресија на каква што беа изложени и прин удени Ирак и Либија. Логиката е едн оставна – доколку овие земји имаа нуклеарно оружје САД и Западот добро ќе размислеа пред да се обидат да ги нападнат.
“Власат на Садам Хусеин во Ирак и Муамер Гадафи во Либија не можеа да побегнат од судбината на уништувањето откако им беа ускратени основите за изработка на нуклеарно оружје и се откажаа од своите нуклеарни програми, под притисок на САД и Западот. Горката лекција мора да се извлече од овие настани“, се наведува во изјавата.