Резолуцијата за Сребреница ќе го дестабилизира Балканот

by Administrator
Резолуцијата за Сребреница ќе го дестабилизира Балканот

Србија испрати циркулар до членките на Советот за безбедност на ОН во врска со својот став за резолуцијата за Сребреница

Резолуцијата за Сребреница може да предизвика дестабилизација на Балканот

Србија испрати циркулар до членките на Советот за безбедност на ОН во врска со својот став за резолуцијата за Сребреница, известуваат српските медиуми.

Во циркуларот било истакнато дека резолуцијата за Сребреница може да предизвика дестабилизирање на Балканот.

Англија го достави нацрт текстот на резолуцијата за Сребреница до властите во Белград, пред 7 јули за кога е закажана седница на Советот за безбедност на која ќе се разгледува нацрт резолуцијата.

Русија која се до денес ја поддржуваше Србија, недамна преку својот амбасадор во Сараево изјави дека во Сребреница беше извршен геноцид.

Политичките аналитичари истакнуваат дека тоа би значело радикална промена во руската политика кон Балканот и сигнал дека Русија нема да стави вето во Советот за безбедност на нацрт резолуцијата за Сребреница.

 

You may also like

Leave a Comment