Нигерија во саботата објави дека вратила речиси 600 милиони долари со корупција отуѓен имот од минатогодишното доаѓање на власт на претседателот Мухамаду Бухари на кого борбата против корупцијат му е една од главните точки на политичката програма.

Од 29.мај 2015 до крајот на мај 2016 година, владата во локална валута собрала 78,3 милијарди наири ( 395 милиони долари), 185 милиони во готовина, 3,5 милиони фунти и 11.250 евра, објавил во соопштението министерот за информирање Лаи Мохаммед.
Вкупно собрани се повеќе од 590 милиони долари во ова нафтена држава која ја погоди падот на цената на сировата нафта и падот на производството , воглавном заради нападите на бунтовниците во дел на Нигерија, односно делото каде се произведува црното злато.
Властите исто така објавиле дека конфискувале фарми, згради,бродови и автомобили од кои повеќето биле во раце на поранешни функционери чиј идентитет не е откриен.
Нигерија е на 136 место на најкорумпираните земји според листата на Transparency International, антикорупциска невладина организација. И британскиот премиер Дејвид Кемерон ова афричка земја во мај ја нарекол “исклучително корумпирана“.
Наместо упатување на критики на шефот на британската влада, претседателот Бухари го запрашал Лондон како да ги собере “астрономските“ износи кои владеачката класа ги крадела-одземала со години и чувала во странство.
Во саботата Нигерискиот министер за информирање изјавил дека очекува поврат на противредност од 340 милиони долари “сокриени“ во Швајцарија, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати на странски сметки на Нигериски државјани.
Извор:(The Bosnia Times, Hina)