Распаѓање на Шпанија: Апсолутно монзинство на Каталонските сепаратисти

by Administrator
Партиите кои победија, ветија дека еднострано ќе проласат независност на Каталонија од Шпанија.
Шефот на шпанскиот баскиски кјруг изјавил дека сака да одржи  “законски консултации“ за иднината на регионот после изборите.
Сепаратистичките партии на регионалните избори во Каталонија освоија апсолутно мнозинство во каталонскиот парламент, покажуваат официјалните резултати.

Најголемата сецесионистичка група “Junts Pel Si” (Заедно за ДА) освоила 62 места од 135 во парламентот, додека помалата левичарска партија CUP, освоила уште десет места, покажуваат официјалните резултати.

“Каталонците рекоа ДА за независност“, изјавил вршителот на должноста на регионалната влада Артур Мас после пребројувањето на 83% од гласовите.

Овие две сеционистички партии претходно соопштија дека еднострано ќе прогласат независност на Каталонија за рок од 18 месеци

Консултации за иднината на регионот

Централната влада во Мадрид објави дека таквата одлука ќе ја блокира на суд, бидејќи тоа шпанскиот суд не го дозволува.

Шефот на шпанскиот баскиски округ, премиерот на ова област Иниго Урулу, рекол дека тој сака да одржи “законски консултации“ за иднината на регионот, со оглед на тоа како вчера гласала Каталонците.

“Потребен ни е политички статус за Баскија“, изјавил тој.

“Ние сме нација, ние сме Баскијци, ние сме граѓани на Европа, со слободни и историски права, ние имаме јазик, култура“, изјавил тој.

Извор: Агенции

You may also like

Leave a Comment