Home АнализаПутин: Не го оставам Асад сам.

Путин: Не го оставам Асад сам.

by Administrator
0 comments

путин

Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем денес во Москва изјавил дека од рускиот претседател Владимир Путин добил гаранција за тоа дека негавата земја ќе продолжи да ја помага Сирија, вклучувајќи и воена помош.

“Од претседателот Путин добив ветување дека и понатаму ќе ја подржува Сирија, политички, економски и воено“, истакнал на конференцијата за новинари одржана заедно со рускиот колега Сергеј Лавров после средбата со Путин.

Русија е еден од најблиските сојузници на режимот на Башар Ал Асад подржувајќи го уште од почетокот на судирите во 2011 година. Неговата подршка е се повеќе видлива, како на пример поднесувањето на ветото во Советот за безбедност секој пат кога западните земји сакале да го обвинат Дамаск или кога во прашање била воена или финансиска помош.

Моква досега два пати беше домаќин на две средби на разговори помеѓу Сирискиот режим и опозицијата кои не завршија со конкретни заклучоци.

Путин после состанокот со Муалем рекол дека неговата земја и понатаму ќе биде на страна на сирискиот режим, со тоа замолчувајќи ги гласините и изјавите на аналитичарите за постепената промена на ставот на Москва спрема Сирија.

“Уверени сме дека на крајот ќе победи сирискиот народ. И нашата политика чија цел е подршка на Сирија, сириските лидери и сирискиот народ останува непроменета“, изјавил рускиот претседател.

You may also like

Leave a Comment