АНКАРА – Вечерта во периодот кога започнал обидот за воен удар во Турција, пилоти на два борбени авиони на нишан (цел) го имале авионот во кој се наоѓал претседателот Ердоган. Турскиот лидер се враќал во Истанбул од одмор од Мармарис, откако фракција од војската покрена воен удар.

Најмалку два борбени авиони Ф-16 летале во непосредна близина на авионот на Ердоган на пат кон Истанбул. Исто така авионот на Ердоган цел бил и на уште два авиони кои биле во негова придружба. Зошто не отвориле оган, сеуште и понатаму останува мистерија“, и` изјавил на агенцијата Ројтерс неименуван претставник.
Друг повеќерангиран турски претставник за Ројтерс потврдил дека службениот авион на Ердоган наишол на борбени авиони со кои управувале пилоти поврзани со воениот удар, ама сепак тој безбедно слетал во Истанбул. Исто така претставници потврдија дека од почетокот заговарачите се обидувале да го нападнат во Мармарис и дека ја гаѓале локацијата на која Ердоган претстојувал. Според зборовите на претставници, Ердоган смртта ја избегнал за неколку минути.
Турската медиумска куќа “Si-En-En Turk” наведува дека околу 25 војници со помош на јажиња од хеликоптер се спуштиле на покривот на хотелот во Мармарис и дека веднаш отвориле оган, настојувајќи да го фатат Ердоган, меѓутоа тој сепак заминал неколку минути порано. Од почетокот на идарот во Турција повеќе од 290 луѓе загинаа во насилствата, од кои засега се знае дека 104 се заговарачи (пучисти), а останатите воглавном се цивили и припадници на полицијата.
.
Više detalja na: http://www.cafe.ba/vijesti/224440_Erdogan-u-vise-navrata-izbjegao-smrt.html