
Банкротот на Проторико претставува резултат на долг од 72 милијарди долари и неплаќање на доспеаните рати во износ од 58 милиони долари. Овој остров со години не забележал економски раст, што дополнително ги отежнува прогнозоте за опоравување.
Инаку, Порторико е територија која му припаѓа на САД, меѓутоа не е во нивниот полноправен систем.
Неколки денови после банкротот реакциите на граѓаните се поделени. Некои, слични како Самјуел Моралес, прстот го вперуваат во владата на порторико:
“Работите се лоши од една иста причина: луѓето гласаат за исти политичари кои не им помагаат на земјата. Не упропастуваат уште од 1952 година, и заради тоа денес сме во ваква состојба, со износот на надворешен долг“ рекол Моралес.
Други пак , како Џонатан Ривере, се оптимисти дека островоте ќе се опорави. “Според официјалните информации, владат е во банкрот. Во иста ситуација сме како и другите држави. Иднината?! Па, ако се следи трендот на другите држави, работите прво ќе тргнат по надолнина, низ брдо, ама ако истите се доведат во ред, кисла дека сеуште има надеж за нас“:, рекол Ривера.
Вкупниот долг на ратите кој доспеал за плаќање изнесува 58 милион долари, а Порторико успеал да плати само 628.000 долари. Администрацијата на Обама изјавила дека не планира нов пакет на помош за Порторико, пренесува СНН.
Dubai-portal.com.mk